

Ја зголемува температурата на најстудените делови на ѕидот со што спречува оросување и ги елиминира условите за појава на мувла
Доколку концентрацијата на влага е исклучително голема, најефикасно решение е СтопКонденз термопремаз кој ефикасно оневозможува појава на кондензација на третираните места.
Површината која е обработена со овој термопремаз потопла е до 5°C oд онаа која не е премачкана. Количеството на топлина која се акумулира обезбедува, дури и кога е во просторијата релативната влажност до 90%, спречува кондензација и на тој начин дефинитивно ги елиминира условите за создавање на мувла.
СтопКонденз се нанесува едноставно со четка, и по сушењето може да се покрие со стандардни дисперзивни бои на водена база.
Содржи честички од минерален прав кои ја апсорбираат топлината од просторијата и подоцна ја емитуваат поради загревање на ладните површини.
Не бара претходна подлога, а може да се нанесува и преку старата боја која не се лупи. Површините што се зафатени со мувла треба да се измијат со воден раствор на варикина (1dl варикина растворен во ½ лит. вода). Се нанесува (без разредување) во два слоја со четка или валец. Во критични ситуации се препорачува нанесување и на трет слој.
Првиот премаз треба да обезбеди комплетно покривање на површината и минимум дебелина на слојот. Вториот премаз нанесете го по 4 часа. Четири часа по вториот премаз нанесете го третиот премаз, така да вкупната дебелина на слојот на премазот изнесува околу 1mm.
Откако површината комплетно ќе се исуши може да се префарба со стандардни дисперзивни бои. Во 2 премаза без разредување потрошувачката изнесува 0,7 лит/m². Во 3 премаза потрошувачката изнесува 0,9 лит/m². Кога е разреден со 10-15% вода поради полесно нанесување, задолжително се нанесува во три слоја, со потрошувачка од 0,7 лит/m².