
За поздрав живот без прекумерна влага и кондензација.
Практично. Безбедно. Чисто. Исклучително ефикасно и во зима и во лето.
Го чува здравјето.

Прекумерната влага се задржува на студените ѕидови, теписи, мебел, облеката и книгите, со што овозможува зголемено создавање на алергени, грини и мувла кои го нарушуваат здравјето и ги оштетуваат предметите.
Со користењето на Апсорберот на влага ги спречувате несаканите дејства кои ги создава прекумерната влага и со тоа овозможувате поздрав живот и подолг век на траење на предметите.
Aпсорберот на влага е ефикасно и едноставно решение за елиминација на прекумерната влага во сите простории. Бесшумен, дискретен, не троши никаква енергија.
Aпсорберот на влага е пластична кутија (со димензии 16 x 20 cm, висина 14 cm) која се става на било кое место во просторијата и доколку има прекумерна влага ја апсорбира и ја собира во долниот, проѕирен дел на садот.
Во горниот дел на апсорберот се наоѓа таблета со хигроскопна сол (калциум-хлорид) која на природен начин ја врзува прекумерната влага од воздухот (кога е релативната влажност на воздухот поголема од 65%).
Со постојано користење на апсорберот на влага превентивно се чува здравјето на домашните и се спречува појава на астма и алергии.
Во многу влажни простории веќе по десетина дена може да се примети ефикасноста од Апсорберот на влага. Вишокот на амбиентална влага се врзува за кристалите на солта во таблетата. Намалувањето на количеството на влага во просторијата директно влијае на спречувањето на појава на кондензација (односно мувла), гниење на материјалите, влажење на ѕидовите…
Не троши никаква енергија (ни струја ни батерии) и не испушта никаков мирис ниту пак пареа. При поставувањето на таблетите на решетката, извадете ја таблетата од отворената кесичка, при тоа внимавајте таблетата да не дојде во допир со кожата.
Воздухот со зголемена концентрација на влага минува низ решеткастиот капак и хемиски се врзува за солта во таблетата. Таблетата постепено се топи (растворува) и се претвора во желатинозна течност која се собира во долниот дел од садот, а дејството на една таблета трае 1-4 месеци, во зависност од концентрацијата на влага и температура на воздухот во просторијата.
Кога ќе се истроши таблетата, а садот со насобраната течност ќе се наполни (максимално до еден литар), потребно е течната содржина да се отстрани во канализација (но не во септичка јама), да се измијат решетката и садот, да се исушат, а потоа да се стави нова таблета.
Кога концентрацијата на водена пареа во просторијата ќе се намали до оптимални 50% – престанува дејството на апсорберот на влага, со што е спречено прекумерното сушење на воздухот во просторијата. Дејството на апсорберот не може да се види моментално, туку дури после неколку дена, односно недели. Вистинските резултати видливи се дури по неколку месеци континуирано користење.
*Aпсорберот на влага можете да го поставите на било кое место (на полица, во плакар, под …), но треба да се чува на места недостапни за деца за да не можат да го превртат садот и да предизвикаат истурање на насобраната течност. Внимавајте течноста или таблетата да не дојдат во допир со метал, кожа, ткаенина или тепих.
Кога таблетата целосно ќе се истроши, потребно е да ја замените со нова (дополнителните таблети достапни се на истите продажни места како и апсорберот на влага).